Ракометарот на Вардар, Милан Лазаревски ќе паузира три месеци од ракометните терени по операцијата на рамо.
Милан Лазаревски, искусниот пивотмен на Вардар и македонската репрезентација, ќе се повлече од терените поради успешна операција на десното рамо извршена во Загреб од страна на д-р Никола Чичак. Предвиденото отсуство е три месеци.
Лазаревски имаше проблеми со рамото, и беше решено во најбрз рок да се изврши операција за потоа да биде подготвен за она што следува во првенството.

(фото – Рк Вардар 1961)📷