Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на гостински терен против екипата на Алкалоид во 22. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Милорад Кукоски изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Алкалоид.
“Во среда го играме последниот натпревар од регуларниот дел против екипата на Алкалоид. Не очекува тежок натпревар кој за нас нема ништо да ни смени на табелата доколку го изгубиме, но може многу да добиеме ако победиме пред почеток на плеј-оф за самодоверба и добра атмосфера во екипата која ќе биде клучна во овој дел од првенството”, – изјави ракометарот на Охрид, Милорад Кукоски.

(фото – ГРК Охрид)📷