Милош Благојевиќ е нов ракометар на Куманово

Екипата на Куманово, која во продолжението од сезоната ќе се бори за опстанок во Супер лигата донесе нов ракометар во своите редови.

Милош Благојевиќ е млад 23-годишен српски ракометар и поранешен младински репрезентативец висок 187цм кој има настапувано за екипите на Смедерево, Југовиќ Каќ, Црвена Звезда, Рудар Костолац и Доброва од кој што доаѓа во Куманово.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.