Следната сезона Вардар ќе биде засилен со полскиот голман Милош Валах кој се согласи на верност на клубот до 2027 година.
Доаѓа како играч на Киелце, и за него Вардар плати обештетување за да го откупи договорот на играчот..
Овој 24 годишен ракометар лани се врати во Киелце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони.
Вардар веќе ги пополнува местата во тимот за кои смета дека му се неопходни за во иднина. Валах е второто засилување за екипата за следната сезона, а дополнително ќе следат и другите објави за новите играчи.

(фото – Рк Вардар 1961)📷