Голманот Милош Раичиќ својата ракометна кариера ја продолжува во Израел во екипата на Нес Зиона.
Србинот Милош Раичиќ кој има 31 година потпиша договор со израелскиот тим Нес Зиона. Има настапувано за Прилеп, Пелистер, Металопластика.
„Нес Зиона е еден од најдобрите клубови во израелскиот ракомет. Отсекогаш сум сакал да дојдам овде. Се чувствувам навистина добро овде досега на тренинзите и се радувам на натпреварите и успехот на тимот.”- изјави Милош Раичиќ.

(фото-Рк Нес Зиона)📷