Ракометарките на Феникс АМС славеа победа на гостувањето кај екипата на Гевгелија со минимални 29-28 во натпревар од Супер лигата.
Во првото полувреме двете екипи се надигруваа, а водство на полувремето имаше Гевгелија со 13-12. Во второто полувреме двете екипи играа гол за гол, но на крајот гостинките од Битола успеаа да постигнат гол за победа во Гевгелија.
Најефикасна во екипата на Гевгелија беше Петковска со 11 погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС беше Илиевска со седум погодоци.
ЖРК Гевгелија 28-29 ЖРК Феникс АМС
(фото-ЖРК Феникс АМС)📷