Министерството за спорт ги награди младинците на Еурофарм Пелистер за пласманот на Ф4 турнирот во ЛШ

Министерството за спорт донесе одлука да ги награди ракометарите на Еурофарм Пелистер, младинска екипа, со парична награда од 1,5 милиони денари за пласманот на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.

Еурофарм Пелистер го освои првото место на турнирот во Букурешт пред неполни два месеци и ќе се бори за европската титула со ГОГ Гудме, Барселона и Веспрем.

Во полуфиналето на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген, Еурофарм Пелистер ќе се сретне со ГОГ Гудме.

“Клубот се заблагодарува на наградата и ветува дека достојно ќе ја претставува Битола и Македонија на „фајнал-фор“ турнирот следниот месец”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *