Миодраг Јовановски – Црни доби награда за животно дело, Влатко Тасевски спортист на годината, награди и за Тино Стојановски и Владимир Мицевски од Куманово (ФОТО)

Во Занаетчискиот дом во Куманово, Општинскиот сојуз на спортови на градот ги додели наградите за најдобри спортисти и спортски колективи во сите возрасни категории и спортски дисциплини за минатата 2024 година.

Познатиот и долгодишен ракометен тренер и човек кој остави длабока трага со својата посветеност и работа во кумановскиот ракомет Миодраг Јовановски Црни ја доби наградата за животно дело.

Ракометарот на МРК Куманово, Влатко Тасевски е прогласен за спортист на годината за 2024 година.

Младиот и талентиран ракометар Тино Стојановски го доби признанието најдобар млад спортист, додека во конкуренцијата успешен спортист во најмладата категорија натпреварувачи признание доби и членот Владимир Мицевски.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *