Освен на играчки план Куманово се комплетира и засилува во тренерскиот дел и стручниот кадар кој ќе работи со ракометарите од првиот тим и младинските категории.
Официјално во стручниот штаб на Куманово односно на новиот тренер Аце Станковски ќе биде кумановската ракометна легенда Миодраг Јовановски – Црни кој со своето искуство и знаење сигурно како и досега ќе допринесе во работата на тренинзите со првиот тим.

(фото – МРК Куманово)📷