Мирко Радовиќ: Напорно тренираме и даваме максимум засега

Црногорецот Мирко Радовиќ е нов капитен на Еурофарм Пелистер, и во својата изјава вели дека како капитен ќе ја оправда довербата.

“Голема чест ми е што сум избран за капитен на Еурофарм Пелистер. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на соиграчите, навивачите и управата. Што се однесува до екипата, нова е и полека ги склопуваме „коцките“. Кратко сме заедно и се обидува што можеме да постигнеме. Напорно тренираме и даваме максимум засега.

Секој тим е посебна приказна. Оваа година е уште „млада“, момците само што стигнаа, исто така и тренерот. Се обидуваме што е можно побрзо да се прилагодиме. Немаме премногу време за тоа. Се трудиме секој ден фокусот да е на максимум и да даваме сè од себе. Со тоа што побрзо да го прифатиме системот на тренерот и новите играчи да се имплементираат во него. Како домаќини ние ќе дадеме сè од себе да им помогнеме”, – изјави Мирко Радовиќ.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести