Мирко Радовиќ: Фала ви на преубави и незаборавни 5 години

Десното крило на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ после пет години го напушта тимот и ќе има нов предизвик во својата кариера.

Оваа вест ја потврди токму Мирко Радовиќ на социјалните мрежи, каде спогодбено го раскина договорот со Еурофарм Пелистер.

„Драга моја Битола, битолчани, „Чкембари“ и сите пелистерци ширум Македонија. Ви благодарам за незаборавните пет години. Благодарам што сте мое семејство, а ме прифативте и мене како свое. Среќен сум што најдобрите години од животот и кариерата ги минав токму во Битола. За жал, дојде време да се разделиме, но се разделуваме на најубав можен начин. Ја вративме титулата по осумнаесет години, таму каде што ѝ е местото, во Битола. Клубот го оставам во сигурни раце, младите домашни сили ќе ја завршат работата со сигурност добро како мене, можеби и подобро. Се работи за врвни луѓе и спортисти пред кои лежи сегашноста и иднината на македонскиот ракомет. Големо благодарам до соиграчите кои ме трпеа, знам дека не беше лесно. Благодарен сум и на управата на чело со семејството Стерјеви, кои ме третираа прво како член на семејството, па потоа како играч сите овие години. Ти благодарам Битола, мој втор дом. Ова не е збогум, туку само довидувањее – само повеќе не во улога на капитен, туку во улога на навивач. Ве сака вашиот капитен“, – напиша Мирко Радовиќ на својот инстаграм профил.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести