Тимот на Филип Миркуловски, Вецлар славеше против тимот на Филип Кузмановски Хановер со 28-22 во натпревар од Бундес лигата.
Двајцата македонски интернационалци Кузмановски и Миркуловски имаа по еден погодок од два обиди.
Штутгарт на Жарко Пешевски триумфираше против Лајпциг со 29-25. Рајн Некар Левен беше подобар од Либек со 22-29. Кил го доби Мелсунген со 27-25. Магдебург сигурен против Фуксе Берлин со минимални 28-27.
(фото-Рк Вецлар)📷