Како и претходните години и ова лето најдобрите млади ракометари од Еурофарм Пелистер 2 ќе бидат прекомандувани во шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер.
„Мозокот“ на Еурофарм Пелистер 2, екипа која без пораз се промовира во суперлигаш, Мирче Калајџиески е нов член на Еурофарм Пелистер.
Мирче Калајџиески има 21 години, роден во Струга, а во Битола дојде од словенечкиот клуб Слован Гросист. Висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.
Калајџиески на крајот од јуни ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер за подготовките за сезоната 2025/26.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷