Засилувањата на Вардар 1961, Леонардо Дутра и Михаил Аларов почна да тренираат со екипата.
Бразилскиот интернационалец Леонардо Дутра се приклучи на подготовките на Вардар и веќе тренира со екипата во Скопје. Тој не замина со репрезентацијата на Бразил на СП во Полска и Шведска, и затоа веднаш се стави на располагање на тренерот Владо Недановски.
Дутра ќе биде засилувањето за Вардар во пролетниот дел од сезоната, и ќе им помогне на бековите да бидат уште поубоити, а истовремено и во одбрана ќе понуди нова свежина.
Покрај Дутра на тренинзите на Вардар е и Михаил Аларов, кој дојде од екипата на Пролет. Тој првично имаше договор со „црвено-црните“ од јуни, но управите се договорија тој и Томислав Јагуриновски уште сега да дојдат во Вардар.
(фото – Рк Вардар 1961)📷