Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 6. коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата.
Судиската двојка Михајло и Методија Илиевски ќе го судат дербито меѓу Алкалоид и Вардар, додека делегати ќе бидат Ацо Николовски и Драган Начевски.
Натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Вардар ќе се одигра на 3 април во сабота со почеток од 18:00 часот во салата “Автокоманда”, во Скопје.
(фото – Архива)📷