Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за натпреварите од четвртфиналето од Европскиот Куп во женска конкуренција.
Македонската судиска двојка Михајло и Методија Илиевски ќе го судат натпреварот меѓу Хазена Кинзварт од Чешка и Хаукар од Исланд.
Натпреварот меѓу Хазена Кинзварт и Хаукар ќе се одигра на 15 февруари со почеток од 16:00 часот, додека делегат ќе биде Сиску од Грција.
(фото – Архива)📷