Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за реванш натпреварите од 3. квалификациско коло од Лигата на Европа во женска конкуренција.
Судиската двојка Михајло и Методија Илиевски ќе го судат натпреварот меѓу Црвена Звезда и Естергом.
Натпреварот меѓу екипите на Црвена Звезда и Естергом ќе се одигра на 15 ноември со почеток од 18:00 часот во Србија (Белград).
(фото – Архива)📷








