Мице Шилегов потпиша за Бутел Скопје

Во пролетниот дел од сезоната во Супер лигата екипата на Бутел Скопје ќе биде засилена со десното крило Мице Шилегов.

Станува збор за искусен ракометар кој доаѓа од екипата на Вардар Неготино, каде што играше во есенскиот дел од сезоната и беше најдобар стрелец.

Некогашниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија потекнува од Металург, настапуваше за двата тима на овој клуб, а потоа собираше искуство низ настапите за Охрид, Голден Арт и Тинекс Пролет.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *