Младинките на Вардар го совладаа Ѓорче Петров со резултат 32-29, и ја освоија младинската женска лига на Македонија.
Во натпреварот за трето место, односно натпревар за бронза, екипата на Шампион триуфмираше против екипата на Металург со 24-16.
Најдобар играч и стрелец на турнирот беше ракометарката на Вардар, Сара Стефаноска, додека најдобар голман на турнирот беше Ема Кирова од Шампион.
Конечен пласман на Ф4 турнирот во младинска женска лига:
2. ЖРК Ѓорче Петров
3. ЖРК Шампион
4. ЖРК Металург
(фото – ЖРК Вардар)📷