Младинската школа на ракометното семејство Еурофарм Пелистер зад себе оставија уште еден перфектен викенд.
Сите возрасни категории на клубот запишаа победи и се издвоија на врвот на табелите.
Младинска лига: Рк Еурофарм Пелистер – Рк Алкалоид 24-17 Рк Прилеп – Рк Еурофарм Пелистер 2 24-37
Кадетска лига: Рк Вардар 1961 – Рк Еурофарм Пелистер 17-40 Рк Вардар Илинден – Еурофарм Пелистер 2 19-37
Пионерска лига: Рк Еурофарм Пелистер – Рк Прилеп 18-17 Рк Фруитленд Борец – Рк Еурофарм Пелистер 2 8-25
Младинската и кадетската екипа на Еурофарм Пелистер, водена од Кире Митревски е лидер со максимален учинок, а на врвот се и младинската екипа на Еурофарм Пелистер 2 водена од Фарук Мемиќ.
Одлични се и пионерските екипи на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, чии тренери се Васко Димитровски, Игор Николовски и Кире Поповски.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷