Младинците на Еурофарм Пелистер на заеднички собир (ФОТО)

Со официјална вечера на младинската екипа која го претставуваше клубот, градот и земјата во ЕХФ Лигата на шампиони за млади, Еурофарм Пелистер означи крај на сезоната.

По повод големиот успех и пласманот на завршниот турнир на ЕХФ Лигата на шампиони за млади, сите ракометари, членови на стручниот штаб и организацијата на клубот добија златници со логото на клубот и на натпреварувањето. Овој златник претставува уникатен спомен и награда за импресивниот успех.

На ракометарите им се обрати спортскиот директор Звонко Шундовски и техничкиот директор Горан Петровски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *