Младинците на Еурофарм Пелистер повторно ќе бидат дел од Лигата на шампионите!

Актуелениот кадетски шампион на Македонија, Рк Еурофарм Пелистер-генерацијата 2008 продолжува да гради своја европска репутација со учество во EХФ Лигата на шампионите, најелитното клубско ракометно натпреварување за млади во Европа. Ова е потврда за посветеноста, дисциплината и високото ниво на работа на младите ракометари и стручниот кадар на клубот.

Минатата сезона, генерацијата 2006 го постигна најголемиот успех на македонска младинска екипа на европската сцена, пласирајќи се на завршниот турнир „Ф4“ во Келн и влегувајќи меѓу најдобрите четири тимови во Европа. Овој резултат постави високи стандарди за следните генерации и инспирација за сегашната кадетска екипа.

Генерацијата 2008 ја продолжува оваа успешна традиција, претставувајќи го Рк Еурофарм Пелистер, градот Битола и Република Македонија на највисоко европско ниво. Клубот континуирано инвестира во младинските категории, градејќи силна база за идни ракометни шампиони и унапредувајќи го угледот на македонскиот ракомет на меѓународната сцена.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *