Машката младинска репрезентација на Македонија забележа убедлива победа против Косово со 51-29 на ЕХФ шампионатот во Варна.
Македонија на полувреме имаше високи 21-11. Во второто полувреме Македонија продолжи да го полни голот на Косово за на крај да слави убедлива победа.
Најефикасен во составот на Македонија беше Ненад Белистојаноски со десет погодоци, додека кај Косово најефикасен беше Јон Вокши со девет погодоци.
МВП на натпреварот помеѓу Македонија и Косово беше ракометарот Божидар Илиески.
(фото-РФМ)📷