Машката младинска репрезентација на Македонија го совлада Луксембург со 27-23 на ЕХФ шампионатот во Варна и ќе игра натпревар за петто место.
Македонија добро го започна натпреварот и на пауза замина со 15-9. Во второто полувреме Македонија немаше проблеми за победа против Луксембург.
Најефикасен во составот на Македонија беше Михаел Тотиќ со пет погодоци, додека кај селекцијата на Луксембург најефикасен беше Лука Кремер со осум погодоци.
(фото-РФМ)📷