Младинскиот тим на Тинекс Пролет оствари одличен успех пласирајќи се на Ф4 турнирот во младинска конкуренција, откако синоќа во драматичен меч го совлада составот на Мулти Есенс со 30-31.
Ф4 турнирот во младинска конкуренција ќе се игра во Богданци, каде ривал на Тинекс Пролет во полуфиналето ќе биде Бутел. Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Голден Арт од Скопје и домаќинот Богданци.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷