Младинците со две победи и еден пораз го одбележаа настапот на турнирот во Романија

Младинската машка селекција во период од 15-17.12.2023 имаше настап на силниот “Трофеј Карпати” во Романија.

Покрај нашата младинска селекција на турнирот учествуваа и младинските селекции на Саудиска Арабија, Словачка и Романија.

Селекцијата на Македонија забележа победи против Саудиска Арабија со 37-29, и Словачка со 33-23, а беа поразени од Романија со 36-32.

МВП на турнирот беше Мирче Калајџиески, односно најкорисен играч, додека најдобар дефанзивец беше Самоил Ристевски.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести