Вложувањето во младите категории и создавање на силна и здрава конкуренција е еден од приоритетите на Вардар 1961.
Како дел од промените кои сезонава се случија во клубот и почнаа „позитивни ветришта“ заложбите на управата се и ангажирање на млади и талентирани ракометари.
Затоа кадетскиот голман Дамјан Стојковски (16) потпиша договор со клубот и ќе брани за младите категории, но ќе биде и дел од сениорскиот тим. Тој е веќе со тимот на Вардар 1961 на турнирот во Струга и добива шанса да го покаже својот талент.
Стојковски работи со првиот тим заедно со Александар Рогановиќ кој веќе даде многу позитивно коментари за Стојковски и му предвидува добра кариера ако продолжи да работи напорно како и досега.
(фото – Рк Вардар 1961)📷