Младиот Мики Лазов потпиша четиригодишен договор со Тиквеш

Екипата на Тиквеш продолжува да го крои составот за новата сезона во Супер лигата.

Тиквеш потпиша договор со младиот Мики Лазов кој настапуваше во пионерската екипата на тимот од Кавадарци и две години по ред беше МВП во пионерската лига.

Младиот и талентиран лев бек Мики Лазов потпиша четиригодишен договор со ГРК Тиквеш 2014.

(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.