Екипата на Прилеп, која има високи амбиции во новата сезона, покрај сениорскиот тим вложува и во младите категории.
Во новата сезона екипата на Прилеп ќе има почетници, пионери, кадети и младинци. Со почетниците и пионерите ќе работат тренерите Јане Јанески и Кристијан Спасевски, додека со кадетите ќе работи Рубин Богојески, а со младинците Менде Петлески.
Тимот на Прилеп, освен во Супер лигата ќе има пријавено и во пионерска, кадетска и младинска лига. Тренинзите ќе се одвиваат во салите “Ристе Ристески – Ричко” и “Добре Јованоски”.


(фото – Рк Прилеп)📷