Младите Михаил Ангелески и Јован Соколоски го засилија тимот на Прилеп

Екипата на Прилеп, која вчера ги започна подготовките во новата сезона ќе влезе со високи амбиции во Супер лигата на Македонија.

Тимот на Прилеп врати двајца свои ракометари, кои потекнуваат од школата на клубот. Станува збор за голманот Михаил Ангелески и бекот Јован Соколоски.

Ангелески и Соколоски беа дел од екипата на Еурофарм Пелистер од младинските категории. Соколоски е син на тренерот на голманите на Еурофарм Пелистер, Ице Соколески.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.