Доскорешниот тренер на првиот тим на бело-црните Владимир Глигоров ќе им се посвети на младинските категории кои се дел од Голден Арт.
Искуството кое го има Глигоров со младинци ќе направи базата од која во иднина ќе се гради клубот да добие професионален тренажен процес и создавање играчи на здрави темели.
Со сениорите продолжуваат да работат тренерите кои и во изминативе години беа дел од стручниот штаб, Филип Глигоров и Марко Нелоски кој е одговорен за физичката подготвеност на играчите.
“Му благодариме на Владимир Глигоров за досегашното водење на стручниот тим и се радуваме што и понатаму е дел од спортското семејство на Голден Арт”, – изјавија од Рк Голден Арт.

(фото – Рк Голден Арт)📷