Екипата на Младост Богданци, која има високи амбиции за следната сезона во Првата лига ги продолжи договорите со актуелни ракометари.
Станува збор за ракометарите Стамен Гогов, Ѓорѓе Ѓуриќ, Душан Каракалашев, Димитар Пеев и Ефе Идризов.
Стамен Гогов настапува на позицијата пикер, Ѓорѓе Ѓуриќ и Душан Каракалашев настапуваат на позицијата центар, Димитар Пеев игра на позицијата лево крило и Ефе Идризов е голман.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷