Екипата на Младост Богданци, која ќе атакува на повисок пласман во Првата лига ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Првата фаза од подготовките ќе се одвива на градскиот стадион во Богданци, каде ќе има по два тренинга на ден, вториот дел ќе биде комбиниран во сала, стадион и теретана, а третиот дел ќе биде тактичкиот во кој ќе бидат вклучени четири пријателски натпревари еден меч против Куманово на 24 август, два натпревари против Радовиш 27 и 31 август и еден против Аеродром на 7 септември.
Тимот на Младост Богданци се засили со тројца ракометари, а тоа се Андреј Шулевски, Ѓорѓи Орешков и Саше Михајловиќ.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷