Екипата на Младост Богданци славеше во дербито против Вардар Неготино со конечни 31-28 во натпревар од Првата лига.
Составот на Младост Богданци имаше водство од 16-12 на полувреме. Во второто полувреме Варар Неготино се обидуваше да се врати, но сепак на крај Младост Богданци славеше победа.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Даниел Андоновски со десет гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Драган Кузманов со седум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷