Екипата на Младост Богданци забележа победа на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓорче Петров со резултат 32-29 во Првата лига.
Составот на Младост Богданци и на полувреме имаше водство од 19-13, па така на крај славеше победа против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Даниел Андоновски со десет гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Михаел Тотиќ со седум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








