Сениорскиот тим на РК Младост 1977 АД во пролетната сезона благодарение на генералниот спонзор и акционер во клубот фирмата БАЏО Богданци во борбата за влез во супер лигата тргнува со комплетно нова опрема од италијанскиот бренд GIVOVA (зимска, есенска и летна).
“Голема благодарност до фирмата БАЏО која веќе седум години е наш генерален спонзор и столб на нашиот тим, како за првиот тим така и за останатите млади категории. Исто така голема благодарност и до останатите помагатели и спонзори кои ја препознаваат работата, заложбата и резултатите на РК Младост 1977 и вложуваат во нашиот клуб, во иднината на преку 80 машки и женски деца кои сакаат да им се оствари сонот и станат идни ракометни ѕвезди. Продолжуваме и понатаму да се залагаме за развој на младите категории и откривање ракометни таленти, и се надеваме оваа сезона со помош на нашите подржувачи ќе успееме кон остварување на зацртаната цел влез во Супер лигата”, – објавија од Рк Младост 1977 Богданци.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷