Екипата на Младост Богданци ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Првата лига.
Подготовките на Младост Богданци ќе се одвиваат во салата “Млаз”, во Богданци, а и на стадион.
Исто така закажани се два пријателски натпревари кои тимот ќе ги одигра до почетокот на првенството во Првата лига.
На првиот тренинг присуствуваа речиси сите ракометари освен левиот бек Антонио Николоски кој и покрај напорите на клубот да ја продолжи соработката истиот одлучи да го напушти матичниот клуб и да бара нова средина.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷











