Екипата на Младост Богданци забележа висока победа против екипата на Шампион со конечни 43-16 во натпревар од Првата лига.
Тимот на Младост Богданци победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 21-9.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Ѓорѓе Атанасов со седум гола, додека кај Шампион најефикасен беше Давид Јовчевски со осум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








