Екипата на Младост Богданци забележа победа против екипата на Драчево со конечен резултат 29-26 во Првата лига.
Иако Драчево на полувреме имаше минимална предност од 15-14, сепак во второто полувреме Младост Богданци успеа да се врати, па да триумфира против гостинскиот тим.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Антонио Николоски со шест гола, додека кај Драчево најефикасен беше Лазар Стојанов со седум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷