Младост Богданци победнички против Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Младост Богданци забележа победа против Македонија Ѓорче Петров со 46-31 во плеј-офот од Првата лига.

Тимот на Младост Богданци и на полувреме имаше предност од 21-15. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Младост Богданци, па на крај да се радува на победа против Македонија Ѓорче Петров.

Најефикасен кај Младост Богданци беше Никола Роглев со девет гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Бојан Божиновски исто така со девет гола.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.