Екипата на Младост Богданци со победа против Текстилец од 32-26 ја започна новата сезона во Првата лига.
Тимот на Младост Богданци од почетокот на натпреварот беше во водство, на пауза се замина со 16-9. Тимот од Богданци и во второто полувреме продолжи со водството, за на крај да забележи победа.
Најдобар стрелец во тимот на Младост Богданци беше Ѓорѓе Ѓуриќ со шест гола, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Дарио Јорданов со осум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷