Екипата на Младост Богданци поднесе жалба до РФМ за судењето на натпреварот во Скопје против екипата на Металург РА.
Натпреварот меѓу екипите на Младост Богданци и Металург РА заврши со победа на тимот од Скопје со 30-26, но од тимот од Богданци не се задоволни од судењето на овој натпревар.
“РК Младост 1977 АД Богданци денес и официјално до РФМ писмено ја уплати и поднесе Жалбата од натпреварот кој го одигра овој викенд на гости против РК Металург РА Скопје на кој нашиот тим изгуби со резултат 30-26 (14-15) а на кој имавме водство од шест голови разлика. Во жалбата по прегледување на видео материјалот од наша страна доставени и утврдени се 31 спорна одлука намерна или ненамерна на штета на нашиот тим од судискиот пар Блаже Михајлов и Ѓорѓи Василевски заедно со делегатот Митко Ѓорѓиевски од Скопје, кои сметаме дека директно имаа влијание за тековниот резултат во текот на мечот како и крајниот епилог и конечен резултат на натпреварот. РК Младост 1977 АД Богданци очекува непристрасно разгледување на нашата жалба и правична одлука со која ќе биде задоволена правдата, а потоа и преигран натпреварот на кој сметаме дека ни беше нанесена една од најголемите неправди во последните пет години”, – стои во соопштението на Рк Младост 1977 Богданци.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷