Екипата на Младост Богданци забележа победа против тимот на Јехона со високи 45-28 во натпревар од Првата лига.
Тимот на Младост Богданци во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултатот, па на крај да слави победа против Јехона.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Лазар Адамовиќ со десет гола, додека кај Јехона најефикасен беше Адис Салиу со девет гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








