Екипата на Младост Богданци забележа победа на гостувањето кај екипата на Вардар Неготино со резултат 35-24 во Првата лига.
Иако Младост Богданци на полувреме имаше водство со минимални 17-16, сепак во второто полувреме направи висока предност и да триумфира против Вардар Неготино.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Никола Димитров со 11 погодоци, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Ѓорѓи Орешков со 10 погодоци.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








