Екипата на Младост Богданци забележа победа против екипата на Мулти Есенс со минимални 31-30 во Првата лига.
Тимот на Младост Богданци и на полувреме имаше водство од 16-15. Во второто полувреме Младост продолжи со водството, па на крај да слави победа против Мулти Есенс.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Лазар Адамовиќ со 11 погодоци, додека кај Мулти Есенс најефикасен беше Немања Џигероски со 7 погодоци.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








