Екипата на Младост Богданци забележа голема и важна победа против Металург РА со 31-30 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.
Во текот на целиот натпревар резултатот се движеше гол за гол, но на крај поуспешна беше екипата на Младост Богданци.
Најефикасни во тимот на Младост Богданци беа Димитар Пеев и Никола Роглев со по шест гола, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Дамјан Наумовски со седум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷