Екипата на Младост Богданци ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Првата лига, каде тимот ќе игра во плеј-офот.
Во припремниот дел на подготовките се вклучени и кадетите на Младост Богданци, а ќе се одвиваат во три дела, тренинзи ќе има по два пати на ден, првиот дел ќе биде работа во теретана во сала и отворено, потоа само во сала каде ќе се работи на техничка подготвеност, а последниот дел ќе биде тактиката и пријателски натпревари против суперлигашките екипи Куманово и Вардар Неготино и други екипи се до првенството.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷