Екипата на Младост Богданци забележа убедлива победа против екипата на Преспа Вардар со 35-19 во Првата лига.
Тимот на Младост Богданци и на полувреме имаше водство од 16-10. Во второто полувреме тимот од Богданци продолжи со високото водство, за на крај да слави победа против тимот од Ресен.
Најефикасен во тимот на Младост Богданци беше Антонио Николоски со шест гола, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Иван Костовски со осум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷