Екипата на Младост Богданци забележа убедлива победа против екипата на Преспа Вардар со високи 34-17 во Првата лига.
Тимот на Младост Богданци победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше висока предност од 17-7.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Ристе Пеев со пет гола, додека кај екипата на Преспа Вардар најефикасен беше Иван Костовски со шест гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷