Екипата на Младост 1977 Богданци во последните секунди дојде до победа против екипата на Текстилец со резултат 35-34.
Од почетокот на натпреварот беше неизвесно и драматично, иако Младост 1977 Богданци на полувреме имаше предност од 19-15. Во второто полувреме исто беше неизвесно и драматично, но во последните секунди од екипата на Текстилец направија пенал, за Младост 1977 Богданци да го реализира и да слави.
Најефикасен во екипата на Младост 1977 Богданци беше Антонио Николоски со 11 гола, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Васе Петров со 14 гола.
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷